Хроника 18. февруари 2021. / 20:53

Жена повредена во сообраќајка во Кавадарци

Жена повредена во сообраќајка во Кавадарци

Жена била повредена вечерва  во сообраќајка во Кавадарци и била пренесена во кавадаречката болница.

Оваа информација за МИА  ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Тој рече дека засега не може да даде повеќе детали, зашто во тек е увид на местото на несреќата.