Хроника 01. ноември 2020. / 20:37

Жена почина во пожар во зграда во Гостивар

Жена почина во пожар во зграда во Гостивар
Илустрација

Според пријавеното, вчера во 07.05 часот во СВР Тетово, Т.А.(38) од Гостивар пријавил дека во зграда на ул. “Илинденска,, во Гостивар, во која што е управител, во текот на ноќта настанал пожар во стан при што внатре била пронајдена мртва З.А.(65) од Гостивар, а како последица на опожарувањето.

Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и екипа од Полициска станица Гостивар.