Вчера околу 16 часот во Полициската станица Охрид, М.Г. (30) од село Радолишта- струшко со привремен престој во Охрид, пријавила дека нејзиниот сопруг Д.Г. од Призрен- Косово противправно го одзел нивното едногодишно дете.
Имено додека таа била на работа, Д.Г. го зел детето, а потоа не одговарал на телефонските повици, а воедно ги зел и патните исправи (на детето и неговата) како и кредитните картички.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.