Хроника 07. мај 2019. / 12:25

Жена од Кавадарци произведувала и продавала дрога

Жена од Кавадарци произведувала и продавала дрога

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против Е.Д.(37) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

На 17.01.2019 година околу 21:30 часот во Кавадарци полициски службеници извршиле преглед кај пријавената, при што пронашле и одзеле марихуана.

Додека, при претрес во домот на пријавената, исто така, била пронајдена и одземена марихуана и семки од растението канабис.