Хроника 27. јуни 2018. / 10:54

Затворска казна за дедото на малата Тамара

Затворска казна за дедото на малата Тамара

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за дедото на малата Тамара од Велес, кој беше осуден на условна казна затвор за поседување оружје по признанието на вина. Дедото на малата Тамара, Љупчо Стојановски со одлуката на второстепениот суд е осуден на ефективна казна затвор од една година.

На 11 јули се закажани завршните зборови за второто кривично дело „обид за убиство“.

Стојановски на 1 јуни минатата година пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров. Тој се товареше за две кривични дела – обид за убиство и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.