Хроника 27. февруари 2021. / 16:00

Затвореник пуштен на викенд затекнат со уште 18 странски државјанки во бар во тетовско

Затвореник пуштен на викенд затекнат со уште 18 странски државјанки во бар во тетовско
архива: Танчерки Тетово

Контрола во угостителски објект во Тетовско, приведени сопственикот и 18 странски државјанки.

Полициски службеници од Тетово извршиле контрола во угостителски објект на локалниот пат за село Сараќино, при што било констатирано дека објектот е отворен и во него биле затекнати седум гости, тројца вработени и 20 женски лица.

Од затекнатите 18 биле странски државјанки од Русија, Србија, Украина и Албанија, кои го злоупотребиле туристичкиот престој, согласно чл.418/а од Кривичниот законик. Странските државјанки се приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

Од МВР денеска соопштија дека се работи за угостителски објект, во сопственост на А.М.(38) од Тетово, а контролата е извршена по пријава дека работел спротивно на Одлуката донесена од Владата.

Странските државјанки се приведени во полициска станица за понатамошна постапка, а сопственикот А.М. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

При контролата е приведен и Б.Х.(25) од Скопје, кој издржува казна затвор во времетраење од 8 години и 6 месеци, а не се придржувал спрема решението за одмор во кругот на семејството издадено од затворот. Тој ќе биде спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Идризово, се наведува во соопштението од МВР.