Хроника 01. јули 2018. / 18:05

Заталкан куршум погодил прозорец во касарната ,,Илинден”

Заталкан куршум погодил прозорец во касарната ,,Илинден”

Во касарната „Илинден“, во еден од хангарите заталкан куршум непознат калибар испукан од непознато оружје, паднал на прозорското стакло од куќарката пред хангарот и го скршил по што проектилот се заглавил во другото прозорско стакло.

Како што соопшти МВР, настанот се случил околу 23 часот, а бил пријавен се случил во 23.35 часот.

Повредени нема, а од страна на полициски службеници од СВР-Скопје било излезено на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на настанот.