Борис Мутков – Фантом синоќа околу полноќ е застрелан во близина на мостот за населбата Бардовци. Во него е пукано додека се движел во автомобил, од пукањето е ранет и пренесен во Систина на згрижување.
Засега не се познати сторителите, но се претпоставува дека има врска со пукањето во Александар палас минатиот месец.
Медиумите објавуваат дека едно лице е приведено.