Полициски службеници при ОВР Дебар вчера при рутинска контрола во возило со бугарски таблици управувано од Н.С (46) од Охрид пронашле и одзеле 140 кутии со прехранбени продукти во вкупна тежина од 700 килограми.
Настанот е регистриран на регионалниот пат Струга-Дебар, а пронајдените продукти, според МВР, биле без соодветна документација.
– По консултација со Јавен обвинител, возачот и еден сопатник во автомобилот биле приведени. За настанот биле информирани Државниот пазарен инспекторат и Агенцијата за храна и ветеринарство.
-По целосно документирање на настанот, ОВР Дебар ќе поднесе соодветна пријава, соопштија од МВР.