Хроника 19. декември 2020. / 11:43

Запалени контејнери на „Рузвелтова“

Запалени контејнери на „Рузвелтова“

Непознати сторители вчеравечер запалиле два контејнери од 3,2 кубни метри, поставени на улицата Франклин Рузвелт пред крстосницата со булевар Илинден, со што е предизвикана голема материјална штета.

Благодарение на брзата реакција на скопските пожарникари, огнот не се проширил кон околните објекти и возила.

Локацијата е веднаш исчистена и поставени се нови контејнери.

Градот Скопје апелира граѓаните да ја почитуваат поставената урбана опрема на јавните површини и да не ги палат садовите за отпад, за да се овозможи ефикасно подигање на комуналниот отпад и одржување на јавната хигиена.