Заменик командир на „Алфите“ бил со основно, а лажирал дека завршил средно образлование. При пероверката во МВР е откриено дека неговата диплома со средно образование е фалсификувана. Во друг случај, вработен во МВР напредувал неколку места со лажна диплома, а министерството откри дека истиот бил вработен како универзитетски професор исто со лажна диплома.
Во Министерството за внатрешни работи откриени 40 вработени кои имале фалсификувани факултетски дипломи, обелоденија од МВР. Вработените, стигнале и до значајна функција во министерството, но, по откривањето добиле отказни решенија и кривични пријави, но не само до нив, туку и до факултетите кои ги издале дипломите.