Хроника 29. мај 2019. / 14:37

Заменик-министерот Лазовски со автомобил удрил во мотор – мотоциклистот е повреден

Заменик-министерот Лазовски со автомобил удрил во мотор – мотоциклистот е повреден

Мотоциклист е повреден во сообраќајна несреќа што се случи попладнево на крстосницата кај Собранието и Градската болница „Наум Охридски” во Скопје. Како што неофицијално дознава МКД.МК, во сообраќајката учествувал и заменикот-министер за култура, актерот Владимир Лазовски кој го управувал автомобилот, пишува МКД.МК.

Моторциклистот чиј идентитет за сега не е познат е полесно повреден. Неофицијално, по прегледите во болница тој се вратил на местото, каде што полицијата врши увид. Според МВР, во сообраќајката учествувале мотор и возило пежо кое го управувал Лазовски. Повеќе детали од таму најавија за подоцна.