Хроника 28. септември 2019. / 11:47

Загина вработен во ЕВН – паднал од далновод

Загина вработен во ЕВН – паднал од далновод

Вработен во електродистрибутивната компанија ЕВН загинал откако денеска околу 9 часот и 30 минути паднал од далновод во близина на тетовското село Џепчиште.

– Во СВР Тетово околу 9.30 часот вработен во ЕВН пријавил дека неговиот колега Д.С (43) вршејќи интервенција односно отстранување на дефект на далновод паднал и починал. Повикана е итна медицинска помош која констатирала смрт. – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во тек е увид кој го започнаа да го вршат јавен обвинител и службите на СВР Тетово.