Во саботата, во 13.30 часот во СВР-Битола било пријавено дека истиот ден околу 09,00 часот на место викано „Чашка“ атар на с.Плетвар – рудник Чашка Д.С.(66) од Прилеп при пад во рудникот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен до Општата болница Прилеп, каде починал.
Од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп извршен бил увид на местото на настанот.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.