Хроника 11. април 2020. / 20:29

За време на полициски час запален е летниковец во Гази Баба

За време на полициски час запален е летниковец во Гази Баба

За време на полицискиот час запален е летниковец во парк шумата Гази Баба. Пожарот го забележале нашите градски инспектори кои правеле рутинска контрола со помош на дрон, информираа од Град Скопје на нивниот твитер-профил.

Со брзата реакција на Пожарна Скопје не се дозволи пожарот да се прошири и направи поголема штета, имајќи ја предвид околината.

Ваквиот вандализам мора да престане! Летниковецот во парк шумата Гази Баба беше поставен за луѓето да можат да се одморат. Кому му пречело сето тоа? Овој чин не само што направил материјална штета, туку можел да предизвика голема опасност и да ја загрози безбедноста во околината напишаа од Град Скопје на твитер.