Хроника 08. јануари 2021. / 11:17

За три дена казнети 237 возачи за пребрзо возење

За три дена казнети 237 возачи за пребрзо возење

На 5, 6 и 7 јануари организацискит единици за контрола и регулирање на сообраќајот при МВР на територијата на целата држава санкционирале вкупно 1436 возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописи.

Како што соопшти МВР, меѓу другите, 237 санкции се изречени за возење со поголема брзина од дозволената, 87 за возење нерегистрирано возило, а 192 санкции за управување возило без положен возачки испит, 50 за управување на возило под дејство на алкохол, 178 за непрописно престигнување.