Преку полугодишните статистички извештаи на одделението за аналитика при СВР Тетово се бележат 126 нарушувања на јавниот ред и мир на подрачјето на Тетово и руралните општини. Во овие прекршоци непосредно биле инволвирани 204 сторители.
Најголем дел од нив, односно 151 се целосно расчистени со поведување на прекршочна постапка.
Најмногу од прекршоците биле физички напади, а евидентирани се и тепачка, навредувања и омаловажувања на овластени службени лица, карање, викање, непристојно и дрско однесување и така натаму. Покрај ова, во периодот за кој станува збор регистрирани, исто така, се и пет нарушувања во и околу основни и средни училишта во тетовско – информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Нарушувањата во овој период најчесто се случувале на улица, во угостителски објекти, додека преостанатите биле на други места