Хроника 26. декември 2018. / 13:27

За гинекологот Дамчевски МВР нема распишано меѓународна потерница

За гинекологот Дамчевски МВР нема распишано меѓународна потерница

Македонија се уште не распишала меѓународна потерница по гинекологот Николче Дамчевски кој избега во Бугарија, наместо да оди на извршување казна затвор во траење од две години. Во МВР за НОВА велат дека меѓународна потерница се распишува на барање на Судот.

– За Дамчевски има распишано национална потерница, што значи само во границите на нашата држава. Судот е тој кој што треба да побара и да иницира меѓународна потерница. Ние сме само извршители – велат за НОВА во МВР.

Дамчевски не ја напуштил Бугарија и се уште се наоѓа во Софија. Извори од болницата за НОВА брифираат дека Дамчевски бил советуван од колегите и од раководството на болницата, да се предаде и да оди на издржување на затворската казна.