Скоро 50 луѓе умреле за една недела во западниот дел на Идонезија, како последица од труење со илегално произведени алкохолни пијалаци, соопштија тамошните здравствени службеници.
Жртви има и во главниот град, Џакарта, пренесува агенцијата АП.
Поради високиот данок на алкохолот во Индонезија, каде што живее мнозинство муслиманско население, „цвета“ црниот пазар меѓу сиромашните граѓани.