Хроника 28. јануари 2021. / 10:04

За 24 часа регистрирани се 365 прекршоци за неносење на заштитна маска

За 24 часа регистрирани се 365 прекршоци за неносење на заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие (27/28.01.2021) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 365 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.