Хроника 28. февруари 2019. / 14:16

Втора жртва за една недела од грип: Почина 12-годишно девојче

Втора жртва за една недела од грип: Почина 12-годишно девојче

Нова, четврта жртва од сезонскиот грип е 12-годишно девојче кое утринава починало на Клиниката за детски болести и фебрилни состојби во Скопје, каде било примено пред четири дена, потврди денеска д-р Владимир Микиќ, епидемиолог од Институтот за јавно здравје, објави Плусинфо.

Девојчето било болно и од церебрална парализа и од мускулна дистрофија.

Ова е втор смртен случај од грип за една недела. Претходниот е 86-годишен скопјанец кој починал од компликации на Клиниката за инфективни болести во минатата недела, а кај него не биле евидентирани други заболувања.