Нов смртен случај во затворот Шутка, втор за една недела. Случајот е пријавен во полиција денеска во 15 и 05 часот. Од МВР велат дека екипи прават увид на местото и се уште нема подетални информации за случајот, ниту за причините за смртта, јавува порталот „360 степени“.
Инаку, ова е втор смртен случај во затворот во една недела. На 8 април почина притвореник, кој посмртно покажа позитивен резултат на тестирањето за ковид-19. Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека тој починал од срцев удар, а во затворот бил примен на 8 март, без симптоми.
Деновиве започна и тестирање на затвореници и вработени во истражниот затвор.
Ризикот од ширење на епидемијата во казнено-поправните домови побуди револт кај затворениците бараат засилени мерки за заштита и се жалат дека мал е бројот на оние кои се тестирани. Велат дека затворите се „темпирана бомба“ за ширење на епидемијата, а најавија и штрајк со глад.