Хроника 03. март 2020. / 14:23

Возот до Битола каменуван кај Лисиче

Возот до Битола каменуван кај Лисиче

Синоќа околу 20 часот помеѓу железничката постојка Скопје и железничката постојка Лисиче, од непознати лица бил каменуван возот кој сообраќал на релација Скопје – Битола.

Притоа, на возот било оштетено едно странично стакло, а откако било утврдено оштетувањето, возот продолжил со движење кон Битола, велат од полицијата.

Се работи на расчистување на случајот.