Министерството за внатрешни работи го заврши увидот на сообраќајната незгода во центарот на Скопје, кога возач на „Фолксваген Пасат“ влета во угостителски објект.
Од полицијата, за „360 степени“ велат дека возилото било сопственост на приватна болница а возачот бил од Крива Паланка.
„На 25.12.2020 година околу 6,30 часот на булевар “ВМРО” во Скопје, Г.М.(61) од Крива Паланка управувајќи патничко моторно возило „пасат” со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватна поликлиника од Скопје, изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот. Повредени лица нема. Извршен е увид на местото на настанот“, велат од МВР за „360 степени“.