Хроника 26. јули 2018. / 12:11

Возило удри во метален столб од бензиска пумпа

Возило удри во метален столб од бензиска пумпа

Синоќа по 23 часот, на патот Прилеп-Битола на место викано Беровци патничко моторно возило „голф“ со прилепски регистерски таблици управувано од А.Т.(19) од селото Дреновци изгубил контрола над возилото и удрил во столб за точење на гориво и метален столб од бензиската пумпа.

„Во незгодата возачот и сопатникот И.Т.(19) се здобиле со телесни повреди, додека сопатничката М.Т.(19) се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Општата Болница Прилеп за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот“, соопшти МВР.