Хроника 22. август 2018. / 10:41

Возило удри осумгодишно дете на „Џон Кенеди“

Возило удри осумгодишно дете на „Џон Кенеди“

Синоќа во 22.30 часот на крстосницата од улиците „Славеј Планина“, „362“, „Македонско Косовска бригада“ и.„Џон Кенеди“ во Скопје, патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф. К. (46) од село Блаце, удрило во осумгодишно момче од Србија, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од ударот момчето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Слична несреќа се случи вчера, кога возило упавувано од 41-годишно лице удри во четиригодишно девојче во Скопје.