Хроника 17. октомври 2018. / 15:09

Возило на МВР удрило во пешак пред ТЦ Скопјанка

Возило на МВР удрило во пешак пред ТЦ Скопјанка

Возило во сопственост на Министерството за внатрешни работи учествувало во сообраќајната несреќа која денес околу 13:30 часот се случи спроти ТЦ Скопјанка, потврдуваат од МВР за Курир.

Како што претходно објави Курир, несреќата се случи на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“.

Прегазеното машко лице, со возило на Итна медицинска помош е пренесено во некоја од скопските болници, но засега нема информации за карактерот на повредите и неговата здравствена состојба.

Полицискиот увид е во тек.