Вчера во Полициската станица Центар, од страна на Јавното претпријатие „Паркови и Зеленило“ било пријавено дека на 30.08.2018 година на улица Владимир Полежиновски непознат сторител одзел возило „фиат панда“ со скопски таблици.
Возилото било сопственост на претпријатието. МВР презема мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и за целосно расчистување на случајот.