Хроника 20. февруари 2021. / 12:39

Возило излета на патот Стар Дојран – Нов Дојран: Загина 19-годишно момче, повредени две лица

Возило излета на патот Стар Дојран – Нов Дојран: Загина 19-годишно момче, повредени две лица

Денеска во 00:50 часот било пријавено дека на патниот правец Стар Дојран-Нов Дојран, патничко моторно возило „опел мерива“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од И. М.(20) од Гевгелија, излетало надвор од коловозот.

Во незгодата на местото на настанот починал сопатникот И. П. (19) од Гевгелија, а со повреди се здобиле И. М. и сопатникот В. С. (19) од Гевгелија констатирани во Општата болница Гевгелија, информира МВР.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.