Три лица се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа во гостиварско.
– На 28.02.2021 во 17:55 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-село Градец, на влез за село Врапчиште, патничко моторно возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Џ.(24) од село Добридол, гостиварско, излетало од коловоз. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил М.А.(23) од село Добридол, а со телесни повреди се здобил возачот и уште еден сопатник на возраст од 16 години, констатирани во Медицински центар Гостивар, информира МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на Полициската станица Гостивар