На 12.05.2020 во 19:15 часот на крстосница од ул.„Партизанска“ и ул.„Тодор Паница“ во Битола, непознато возило удрило во велосипедист С.П.(33) од Битола и го напуштилo местото на незгодата.
По несреќата велосипедистот бил пренесен во Клиничката болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Битола.