Хроника 20. април 2019. / 13:39

Возач тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Возач тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Вчера во 13:15 часот на ул.„1506“ во Скопје, на место викано „Момин Поток“, се случила сообраќајна незгода.

Сообраќајката се случила помеѓу патничко возило „Рено Меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Х.(29) од Скопје и патничко возило „Фиат Пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.А.(51) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Т.А., додека В.Х. се здобил со телесни повреди.

На двајцата им била укажана лекарска помош во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.