Хроника 05. декември 2020. / 19:15

Возач тешко повреден откако со автомобилот излетал од пат

Возач тешко повреден откако со автомобилот излетал од пат

На 05.12.2020 во 00.45 часот било пријавено дека на регионален пат во близина на место викано „Древенски мост“, атар на с.Древено, пробиштипско, патничко возило „фолксваген пасат“, со штипски регистарски ознаки, управувано од А.К.(30) од Пробиштип излетало од патот, информира МВР.

Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствениот дом во Пробиштип.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.