Со автомобил прегазена жена на паркинг во Скопје, по што истиот возач со тешки телесни повреди ја пренел во Градската болница.
-На 29.01.2021 во 12.15 часот било пријавено дека во Скопје на паркинг простор на ул.„Трифун Хаџијанев“, патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од непознато лице, удрило во пешак М.Ј. од Скопје, соопштуваат од полиција.
По незгодата, возачот ја пренел М.Ј. во Градската општа болница „8 Септември“, каде од страна на лекар ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.