Хроника 09. април 2018. / 10:03

Возач излетал од патот кај „Гладно Поле“

Возач е повреден откако со „фијат“ излетал од патот. Според полицијата, несреќата се случила вчера околу 5 часот на регионалниот пат Радовиш-село Војиславци на место викано „Гладно Поле“. Н.Р.(21) од с.Војиславци со патничко возило „фиат добло“ со радовишки регистерски таблици излетал надвор од коловозот.

Тој до возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Штип, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Радовиш. Се работи на целосно расчистување на случајот.