Хроника 20. септември 2019. / 11:11

Воз удри во мигрант кај Градско – починал на лице место

Воз удри во мигрант кај Градско – починал на лице место

Вчера попладне патнички воз кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје, во близина на с. Ногаевци, општина Градско, удрил во А.И. (23) од Пакистан, кој починал на местото.

Со него бил и Р.М. (30) од Пакистан, кој бил предаден на полициски службеници и бил префрлен во Прифатниот центар за странци – Гази Баба во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.