Еден мигрант загинал, а еден бил тешко повреден откако во нив удрил патнички воз, утрово на железничката пруга Гевгелија-Скопје, во близина на селото Смоквица.
Железничката несреќа се случила во 4.50 часот. Патнички воз кој сообраќал кон Скопје удрил во група од неколку илегални мигранти кои се движеле по пругата. Од ударот повредени биле двајца мигранти. Еден од нив починал на самото место на несреќата. Вториот мигрант кој бил тешко повреден но давал знацдавал знаци на живот, со возило на брза помош бил префрлен во болница.