Хроника 23. декември 2018. / 17:44

Вооружени лица ограбиле бензинска станица во Скопје

Вооружени лица ограбиле бензинска станица во Скопје

Вчера по 19 часот полицијата добила повик дека во бензинска пумпа на улицата „Качанички пат“ во Скопје, две лица со закана со оружје извршиле разбојништво и ги одзеле парите од дневниот промет од бензинската пумпа и менувачницата што се ноаѓа во склоп на пумпата, информираат од МВР.

Од полицијата велат дека по пријавата полициски службеници излегле на терен и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.