Непознато лице со закана со пиштол одзело пари од вработените во експозитурата на „Уни банка“ во Крушево. Вооружениот грабеж се случил вчера околу 16 часот, а полицијата веќе има осомничено едно лице.
Додека траел грабежот тројца вработени биле во банката и биле принудени од ограбувачот да го отворат сефот со пари.
Увидот на местотот е завршен, но нема информација колку пари се одземени при грабежот, а не се знае дали ограбувачот имал логистика или самиот го планирал и реализиарал грабежот.