Хроника 17. јануари 2020. / 13:06

Вооружен грабеж во експозитура на НЛБ Банка во Ѓорче Петров

Вооружен грабеж во експозитура на НЛБ Банка во Ѓорче Петров

Вооружени разбојници среде бел ден утринава извршиле грабеж во НЛБ Банка во Ѓорче Петров.

Информацијата ја потврдуваат од менаџментот на банката од каде соопштуваат дека сите клиенти кои се затекнале во банката за време на грабежот, како и вработените, се безбедни и се во добра состојба.

Како што објавија од НЛБ, висината на штетата наскоро ќе биде соопштена.

Во известувањето од банката се вели:

– Утринава во експозитурата Ѓорче Петров на НЛБ Банка се случи вооружен грабеж. Сите клиенти кои се затекнаа во експозитурата, како и вработените на Банката се безбедни и се во добра состојба.

Во овој момент, претставници на Банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во експозитурата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план.

Паралелно, Банката соработува со надлежните органи за брзо и ефикасно решавање на случајот, како и утврдување на висината од направената штета, за што ќе ја известиме јавноста дополнително, наведуваат од НЛБ Банка.