Хроника 05. август 2019. / 12:35

Вооружен грабеж на патарината кај Глумово

Вооружен грабеж на патарината кај Глумово

Во четири часот утринава беше ограбена наплатната рампа кај Глумово, пренесува КУРИР.мк.

Како што дознава „КУРИР“ две наоружани лица со фантомки на главата извршиле грабеж на патарината и ги држеле вработените во заложништво. Во овие насилни моменти еден од вооружените крадци ги стопирал возилата кои се обраќаат на таа линија, а другиот со вперен пиштол кон главата на вработените барал пари.

Насилничката драма не запрела тука, крадците започнале и да ги кршат и вратите на кабините во кои биле вработените за да и од таму земат пари.

По грабежот тие се качиле на мотор кој бил паркиран и избегале во правец на Скопје.

Вработените потресени и револтирани бараат надлежните да преземат нешто за поголема безбедност на нив и нивните животи, а досега никој не ги заштитувал и обезбедувал вработените.

Случајот е пријавен во полиција, а направен е и увид на местото.