Хроника 15. септември 2020. / 17:41

Вооружен грабеж на Бит Пазар – имало и пукање

Вооружен грабеж на Бит Пазар – имало и пукање

Денеска во 00:49 часот во Полициската станица Чаир, Р.С.(36) од Скопје пријавил дека, додека со патничко возило „даеву рејсер“, со скопски регистарски ознаки, бил на паркинг просторот позади поликлиника Бит Пазар, заедно со Р.К.(19), С.А.(31) и Р.В.(28), сите од Скопје, неколку лица со закана со пиштол им одзеле пари и лични документи.

Притоа, според пријавеното, лицата испукале два куршума во воздух. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.