Хроника 13. јануари 2019. / 20:36

Вонредни вести: Mакедонски скијачи пропаднале во дол на Пирин во тек е спасувачка акција

Вонредни вести: Mакедонски скијачи пропаднале во дол на Пирин во тек е спасувачка акција

На планината Пирин во Бугарија во тек е спасувачка акција по петмина македонски скијачи кои скијале надвор од обележани патеки и пропаднале во дол, објави бугарската агенција БГНЕС.

Според агенцијата десет спасувачи веднаш по добиениот сингал за помош се упатиле кон местото и ја започнале акцијата за извлекување на петтемина Македонци.

Сите петмина, како што јавиле спасувачите, се во добра состојба и не се во опасност. Спасувачките екипи инфомирале дека е лоцирано каде се наоѓаат и тие ќе бидат извлечени.