Автопатската делница Велес – Скопје неколку часа беше затворена поради несреќата. Почина тешко повредената 38-годишна жена која изутрината со тешки повреди и скршеници на главата во кома беше однесена на КАРИЛ по верижната сообраќајна несреќа на автопатот Велес-Скопје, потврдуваат за „Слободен печат“ од Ургентен центар.
Попладнево околу 15:40 жената им подлеглала на повредите.
Направено е се за да се спаси нејзиниот живот, но таа била примена во животно загрозувачка состојба, вели др. Алберт Леши од Ургентен центар за „Слободен печат“.
Во несреќата повредени беа уште тројца патници, но тие се вон животна опасност. Во верижниот судир учествуваа шест возила. Се уште се утврдува причината за несреќата. Коловозот бил подрзнат, а видливоста била намалена поради магла.
Автопатската делница Велес – Скопје неколку часа беше затворена поради несреќата.