Хроника 30. март 2020. / 14:05

Во Велес, Кавадарци и Неготино 28 граѓани не го почитувале полицискиот час

Во Велес, Кавадарци и Неготино 28 граѓани не го почитувале полицискиот  час

Во текот на продолжениот полициски час од вчера попладне од 16 часот до утрово до 5 часот, во Велес 12 граѓани не го почитувале полицискиот час, во Неготино 15, а во Кавадарци само еден.

Како што информираат од СВР Велес против нив ќе се преземат соодветни санкции.

На подрачјето на СВР Велес во чиј состав се Велес, Кавадарци и Неготино, во Велес моментално во самоизолација се 125 граѓани, во Кавадарци 129, а во Неготино 37 граѓани.