Тетовската сообраќајна полиција во акција против користењето на фолии на стаклата од возилата. За пет часа контрола биле опфатени 113 возила. Возачите на 78 од нив, како што информираат од полицијата, сами ги остраниле фолиите, а на осум им се изготвени соодветни поднесоци.
Дополнително, информираат од полицијата откриени и законски санкционирани се и десетина други видови прекршоци (истечена регистрација, управување без возачка дозвола, неносење возачка дозвола, непочитување на законските ограничувања од возачи почетници).