Вчера во 13:00 часот, било пријавено дека на улицата „ЈНА“ во Тетово, патничко моторно возило „Порше каен“ со германски регистерски ознаки, управувано од 21-годишниот А.Ш. од Јажинце, тетовско удрило во пешак, 79-годишниот В.П. од Брвеница.
Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во тетовската клиничка болница, а потоа префрлен на скопските клиники.
Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.