Четири лица, од кои едно потешко, се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера на крстосница од ул.„Бошко Јанкоски“ и ул.„Цане Коњарец“ во Прилеп.
Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале „фолксваген пасат“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(63) од Прилеп и „југо корал“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(63) од Прилеп.
Во незгодата Б.П. се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобиле тројцата сопатници од истото возило И.П., М.И. и П.И., по што биле пренесени во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на Полициската станица Прилеп.