Хроника 22. јуни 2018. / 11:58

Во Свети Николе бркотница, полицајците имале што да видат во автомобилот

Околу 01.35 часот на автопатот Штип-Скопје, кај место викано „Канда“, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе дале знак за запирање на патничко возило „Алфа Ромео“ без регистарски ознаки.

Возачот не застанал, го свртел возилото и се упатил во правец кон Штип. Во близина на Филтер станицата возачот го запрел возилото и побегнал.

Од извршениот преглед во возилото биле пронајдени девет лица-мигранти, од кои шест лица од Бангладеш и три лица од Пакистан.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.