Хроника 06. April 2019. / 12:11

Во стан на велешанец пронајдена голема количина на дрога

Во стан на велешанец пронајдена голема количина на дрога

Секторот за внатрешни работи Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против А.К.(23) од Велес поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.

На 03.04.2019, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Скопје во содејство со полициски службеници од Одделот за крим полиција извршиле претрес во стан каде привремено престојува пријавениот на ул.„23-ти Октомври“ во Скопје.

При претресот биле пронајдени и одземени вкупно 24 пакувања со 167 грама марихуана и повеќе предмети со остатоци од марихуана, кокаин и амфетамин.

А.К. бил лишен од слобода.